Четири лица се спасени, но има и исчезнати откако свлечиште ја однесе нивната мала станбена зграда во јужниот регион Тичино, каде имаше обилни дождови, соопшти денеска полицијат.
Регионалната полиција наведе дека едно од бројните свлечишта кои се покренале во поплавената област во текот на ноќта однеле трикатна станбена зграда во Давеско-Сорањ, недалеку од Лугано.
Три лица се спасени и префрлени во болница со полесни повреди.
Полицијата не соопшти уште колку луѓе биле во зградата во тој момент, но швајцарски медиуми јавуваат дека се верува оти четири лица исчезнале.