Свлечиштата во Хирошима однесоа 39 животи

Од:

Најмалку 39 лица загинаа, а 51 се водат како исчезнати во одроните и свлечиштата предизвикани од обилните дождови што ја погодија Хирошима, град на западот од Јапонија. соопшти денеска полицијата.

Спасувачките екипи и натаму интензивно се обидуваат да дојдат до луѓето кои останале заробени под урнатините на десетиците затрупани куќи.

Јапонската служба за вонредни состојби соопшти дека 13 лица се потешко повредени.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе вчера нареди „интегрирана спасувачка операција, со внимателност поради можни натамошни врнежи“ и побара да се зголеми бројот на војници кои учествуваат во спасувањето на неколкуте стотици загрозени лица.

Државната метеоролошка агенција предупреди на силни врнежи во ова подрачје, што го зголемува ризикот од натамошни свлечишта на местата на кои веќе има огромни количества кал.

Јапонија последните недели е погодена од невообичаено силни врнежи што предизвикаа повеќе свлечишта и поплави.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови