Светските лидери го осудија убиството на тројца израелски тинејџери и повикаа да се избегне ескалирање на конфликтот

Од:

Веста за смртта на тројцата израелски тинејџери, исчезнати пред две недели на Западниот брег, наиде на осуда од целиот свет. Синоќа беше соопштено дека телата на трите момчиња се пронајдени во близина на Хеброн.

Израел го обвини палестинското движење Хамас за нивната смрт, додека Хамас ги отфрли обвиненијата. САД, Велика Британија и Франција го осудија убиството на тројцата млади – Гилад Шаер (16), Еал Ифрах (19) и Нафтали Френклин (16), кој има и американско државјанство. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека е длабоко натажен од „ужасното и непростливо“ насилство, чија жртва се тинејџери.

Американскиот претседател Барак Обама изрази сочувство на роднините на момчињата, осудувајќи го „бесмислениот терор против невини млади луѓе“ и ги повика сите страни во конфликтот да се воздржат од активности, што може да ги зголемат тензиите во регионот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го осуди убиството на тинејџерите и повика да се направи се што е можно за да се спречат нови жртви и ескалација на тензиите. Ватикан го осуди „грозоморното и недозволиво убиство“, што е сериозна пречка на патот кон мир во регионот.

Убиството на тројцата ученици од еврејско религиозно училиште беше осудено и од Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој преку својот портпарол изјави дека не може да има оправдување за намерни убиства на цивили. Телата на тројцата млади беа пронајдени од израелски војници на окупираниот Западен брег по речиси тримесечна потрага и голема операција на израелските сили.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски