Светска банка: Жените остваруваат само три четвртини од законските права кои ги имаат мажите

Од:

Според најновиот индекс, кој денеска го објави Светска банка, жените ширум светот остваруваат само три четвртини од законските права кои ги имаат мажите, што ја ограничува нивната можност да добијат или да почнат работа и да носат економски одлуки кои се најдобри за нив и за нивните семејства.

– Кога жените би имале еднакви можности да го достигнат својот целосен потенцијал, светот би бил не само поправичен, туку и попросперитетен, изјави привремената претседателка на Групацијата Светска банка Кристалина Георгиева.

Таа рече дека промени се случуваат, но не доволно брзо и оти 2,7 милијарди жени се уште немаат законски можности за еднаков избор на работа, како и мажите.

– Од клучно значење е да ги отстраниме бариерите кои ги попречуваат жените, а целта со овој извештај е да покажеме дека реформи се можни и да ја забрзаме промената, истакна Георгиева.

Со студијата се опфаќа период од 10 години, а Индексот опфаќа 187 земји, бодувани по осум индикатори.

Во областите мерени со овој Индекс во последната декада е остварен значаен напредок. Глобалниот просек во тој период е зголемен од 70 на 75. Во 131 земја се спроведени 274 реформи на закони и прописи со кои е унапредена економската инклузија на жените. Во 35 држави е воспоставена правна заштита од сексуално вознемирување на работното место, со што се заштитени речиси две милијарди жени повеќе отколку пред една деценија.

Листата ја предводат Белгија, данска, Франција, Летонија, Луксембург и Шведска, кои сега имаат по 100 бодови. Тоа значи дека во тие земји мажите и жените имаат еднакви права во мерените области. Пред една деценија ниту една земја немаше 100 бода.

Според Индексот, Северна Македонија има 88,13 бодови. Во регионот, најдобро рангирана земја е Грција (97,50), потоа Србија (96,88), Хрватска (94,38), Бугарија (93,75), Косово (91,88), Албанија (91,25), Босна и Херцеговина (88,13) и Турција (79,38). Најлошо рангирана е Саудиска Арабија (25,63), пред која се и Обединетите Арапски Емирати и Судан со (29,38 бода).

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот