Светот се подготвува да ја пречека 2017 година под засилени мерки за безбедност

Од:

При засилени мерки за безбедност светот се подготвува за новогодишната ноќ.

Имено, 2016 година беше одбележана со серија крвави напади против мирни граѓани.

Долгата листа на погодени градови ги вклучува Уагадугу, Истанбул, Орландо, Брисел, Багдад, Берлин, Ница.

Во многу од нив нападите беа насочени против толпа народ, поради што безбедносните сили стравуваат особено во оваа новогодишната ноќ.

Сепак луѓето ќе се соберат вечерва на улиците во Азија, Блискиот Исток, Африка, Европа и Америка, со цел да испратат една година што беше одбележана со политичка и геополитичка несигурност.

Поради временската разлика Сиднеј прв ќе ја дочека Новата година, во 13.00 часот според Гринич.

Америка ќе биде последниот континент што ќе ја дочека Новата година.

Во сите градови на новогодишната ноќ ќе бидат зголемени безбедносните мерки.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк