Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати беа првите кои во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа новата 2018 година, а набрзо потоа 2018-та пристигана и во Нов Зеланд.
Новата година во Нов Зеланд беше дочекана во Окланд, со огномет од кулата „Скај“ висока 200 метри.
Во 13 часот по средноевропско време Нова Година пристигна во делови од Русија, а еден час подоцна и во Австралија каде се најавени спектакуларни огномети во Сиднеј.