Светлана Тихановскаја осудена на 15 години затвор

Од:

Суд во Белорусија ја осуди лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја во отсуство на 15 години затвор, објави државната новинска агенција Белта.

Тихановскаја и уште четворица обвинети кои исто така се во бегство беа обвинети за заговор за неуставно преземање на власта и формирање екстремистичка група.

На претседателските избори во 2020 година, Тихановскаја беше противник на авторитарниот долгогодишен лидер Александар Лукашенко, а многу набљудувачи на изборите ја сметаат за вистински победник.

Откако Лукашенко се прогласи за победник, опозицијата го обвини за изборна измама. Во Белорусија имаше дотогаш невидени протести, кои Лукашенко брутално ги задуши.

На Тихановскаја, чии поддржувачи решително ги отфрлија обвинувањата против политичарот, нарекувајќи ги бесмислена фарса, во јануари ѝ се судеше во отсуство по обвинението со кое се товари за предавство.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина