Сведок на нападот во Истанбул: Се смрзнав кога ја слушнав експлозијата

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а 53 се ранети во силна експлозија што одекна денеска во Истанбул. Иако причината за експлозијата не е официјално потврдена, турскиот претседател Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека станува збор за терористички напад.

Доаѓаат првите изјави на сведоци. Работник во ресторанот на авенијата Истиклал, каде што се случи експлозијата, дал изјава за „Ројтерс“.

„Кога ја слушнав експлозијата, се замрзнав. Луѓето само стоеја во место и се погледнаа. А потоа почнаа да трчаат. Што друго можете да направите? изјави Мехмет Акус, додавајќи дека веднаш по експлозијата му се јавиле роднините.

„Ми се јавија роднините, знаат дека работам во Истиклал. Им реков дека сум добро“, рече Акус.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „страшниот напад“ на популарната пешачка улица. Тој вети дека казната ќе ги снајде оние кои ќе извршат терористички напади врз турската нација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул