Свечен дочек и протести по повод посетата на кинескиот претседател на Прага

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг се наоѓа во прва официјална посета на Чешка и освен свечените политички делегации, на улиците го пречекаа и симпатизари и противници на кинеската делегација, јави дописникот на МИА.

Главниот чешки град е обезбеден од голем број припадници на полицијата и војската.

Освен официјалните знамиња на кинеската држава, низ Прага се веат и тибетски знамиња, поставени од поддржувачите на независноста на Тибет, кои се собраа да го покажат своето незадоволство од посетата на високата кинеска делегација.

Заради безбедносни причини, не е соопштено каде ќе престојува Си.

Тој ќе биде примен од претседателот на државата Милош Земан, а утре е планирана уште една нивна средба, како и билатерални состаноци со претседателот на Сенатот, на Собранието и премиерот.

Во среда ќе биде оддржан економски Форум на кој ќе учествуваат чешки и кинески инвеститори.

– Кина има специјални договори за взаемни односи со повеќе европски земји, потенцира премиерот Бохуслав Соботка ставајќи акцент на важноста на зголемување на кинески инвестиции во земјата.

Претседателот Земан пак, изјави дека претходната десничарска Влада била „свртена кон САД и ЕУ, по што дошло до заладување на чешко-кинеските односи“.

– Сега сме повторно независна земја и ја создаваме надворешната политика, која е базирана на нашиот основен народен интерес, истакна Земан.

Но, некои политичари поинаку гледаат на работите.

– Економската размена е важна, културната и туристичката исто така, но не и продажбата на вредностите за некакви краткоточни прагматични цели, коментираше министерот за култура во коалициската Влада, Даниел Херман.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени