Супертајфунот „Неогури“ се приближува кон островот Окинава во најжниот дел на Јапонија со ветрови со брзина до 270 километри на час, соопшти јапонскиот метеоролошки центар.
„Неогури“ е на околу 300 километри јужно од островот, што се очекува да го погоди утре изутрина, покажуваат најновите податоци на центарот.
Метеоролозите не ја исклучуваат можноста тајфунот да го погоди и самиот архипелаг, иако со помала јачина. Според метеоролозите „Нијагури“ е најсилниот тајфун во изминатите десет години.