Супертајфун се движи кон Кина, издаден црвен аларм

Од:

Кинеските власти огласија црвен аларм за источниот дел на земјата поради доаѓањето на супертајфунот Лекима, кој веќе предизвика хаос во воздушниот сообраќај над Тајван.

Тајфунот утре би требало да ја погоди кинеската провинција Жеџианг и делтата на реката Јангце, како и градот Шангај, а властите предупредуваат дека се работи за најсилниот тајфун во последните пет години. Во Шангај не се продаваат карти за железница, бродскиот сообраќај е запрен, а под рестрикции е и целиот сообраќај во провинцијата Жеџианг. Илјадници лица, кои живеат покрај брегот на Шангај во текот на денот ќе бидат евакуирани.

Лекима денеска го погоди Тајван, каде се затворени училиштата, а повеќе од 40 илјади домови се без електрична енергија. Лекима е деветти тајфун годинава, а супертајфун стана вчера. ссм/

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна