Суга: Се извинувам што пратениците не ги почитуваат мерките против Ковид-19

Од:

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска се извини откако пратеници од владеачката коалиција посетиле ноќни клубови и покрај препораките на неговата влада да се избегнуваат непотребни излегувања и собири за да се спречи ширењето на Ковид -19 во земјата.

-Многу ми е жал што ова се случи кога ги молиме луѓето да не ги посетуваат рестораните по 20 часот и да избегнуваат неитни излегувања, рече Суга пред парламентот, додавајќи дека секој пратеник треба да ги почитува овие мерки со цел јавноста подобро да ги разбере и прифати, пренесуваат британските медиуми.

Џун Мацумото од владеачката Либерално-демократска партија на новинарите им кажа дека неговото однесување „е несовесно во време кога се бара од граѓаните да бидат трпеливи“, пренесоа британските медиуми.

Мацумото ова го кажа откако излезе напис во магазинот „Дејли Шинчо“ за тоа дека минатиот понеделник тој посетил два ноќни клуба во луксузниот дел на Токио, Гинза, откако претходно вечерал во италијански ресторан.

Кијохико Тојама, пратеник од партијата Комеито, коалицискиот партнер на владеачката ЛДП, исто така, се извини откако таблоидот „Шукан Буншунџ“ објави дека тој минатиот петок престојувал во ноќен клуб во Гинза до доцна во ноќта.

Јапонија во јануари прогласи вонредна состојба во Токио и други области со цел да се обиде да го запре драстичниот раст на нови случаи на Ковид-19. Мерките вклучуваат одредба рестораните и баровите да се затвораат до 20 часа, иако во моментов нема казни за нејзино непочитување, пренесоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами