Судскиот процес против Хосни Мубарак повторно одложен

Од:

Судскиот процес, што беше одложен за денеска во Судот во Каиро против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак за смртта на демонстранти за време на револуцијата во 2011 година, е повторно одложен за 14 август.

Денешното судско рочиште требаше да биде целосно посветено за изнесување на судски докази за тоа дали поранешниот претседател бил поврзан со прекумерната употреба на сила за време на мирните протести.

Изутринава пред зградата на Полициската академија, каде заседава кривичниот суд, се собраа приврзаници и противници на Мубарак. Поради тоа беа преземени зголемени безбедносни мерки.

Сите обвинети, вклучително поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли и синовите на Мубарак Алија и Гамел беа донесени во судницата, но сослушувањето веднаш беше прекинато.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет