Судот во Москва издаде налог за апсење на адвокатот Алексеј Навални

Од:

Московскиот суд денеска издаде налог за апсење на адвокатката на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Олга Михајлова, под обвинение за екстремизам, јави денеска РИА.

Мерката притвор на Михајлова ќе и биде изречена од моментот кога ќе биде екстрадирана или уапсена на територијата на Русија, соопштија од судот.

Михајлова е во самонаметнат егзил.

Судот ја товари за учество во екстремистичка заедница, односно поврзаност со Антикорупциската фондација на Алексеј Навални, за што е предвидена казна затвор до шест години.

Дополнително, судот издаде и налог за апсење во отсуство на адвокатот Александар Федулов.

Како што е наведено во судот, Михајлова и Федулов се обвинети по повеќе членови од Кривичниот законик на Руската Федерација, меѓу кои измама, перење пари, ширење фалсификати за армијата, екстремизам, вмешаност на малолетници во асоцијални активности, вандализам, и други.

Антикорупциската фондација беше ликвидирана со судска одлука, а во Русија беше означена како екстремистичка организација.

Во октомври минатата година, судот издаде налог за апсење во отсуство и за другите адвокати на Навални во истиот случај: Игор Сергунин, Алексеј Липсер и Вадим Кобзев.

Би можело да ве интересира

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија