Судот во Луизијана го блокираше законот за забрана на абортусот

Од:

Судот во американската сојузна држава Луизијана го блокираше законот на таа држава, кој би можел повторно да ја воведе забраната за абортус.

Судија на Окружниот суд во Њу Орлеанс во понеделникот привремено го блокираше спроведувањето на законот во Луизијана и закажа сослушување за 8 јули, врз основа на тужба поднесена од Центарот за репродуктивни права во име на локалните медицински институции кои вршат абортуси.

Во тужбата се наведува дека на законот кој би овозможил забрана на абортусот „недостигаат уставно задолжителни заштитни мерки за да се спречи самоволно спроведување“ и дека е „неважечки поради нејаснотии“.

Трите преостанати државни клиники за абортус во Луизијана најавија дека ќе продолжат да ја вршат таа интервенција и по судската одлука.

Слични тужби се поднесени во Јута и Охајо за да се спречи стапување во сила на закон што би предизвикал забрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси