Судот во Каиро: Да се ослободи Мубарак

Од:

Судот во Каиро нареди да се симнат обвиненијата за незаконско збогатување против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак, но тој и натаму ќе остане во затвор затоа што му се суди и за други дела, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извори од судот и службите за безбедност.

Ова е втората судска одлука за ослободување на 84-годишниот Мубарак.

Претходно неделава судија одлучи тој да биде пуштен на слобода под гаранција за предметот за неговото претпоставено соучесништво во убиствата на демонстранти за време на востанието од почетокот на 2011 година.

По оваа одлука, меѓутоа, тој не излезе на слобода заради другите обвиненија, вклучувајќи го и она за корупција.

Денешниот предмет пред Апелацискиот суд беше разгледуван во затворот „Тора“, каде Мубарак беше вратен од болницата по видливото подобрување на неговата здравствена состојба.

Главниот обвинител на Египет, назначен од претседателот Мухамед Морси, уште денеска ја обжали втората одлука за ослободување на Мубарак, рече извор од службите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина