Судот во Букурешт усвои барање за предвремено ослободување на Адриан Настасе

Од:

Реонски суд во Букурешт усвои денеска барање за предвремено ослободување од затвор на поранешниот премиер Адриан Настасе, кој беше осуден на две години затвор за корупција.

Одлуката на судот не е конечна, а Националната дирекција за борба против корупцијата има право на жалба во тридневен рок.

Поранешниот премиер од Социјалдемократската партија во периодот од 2000-2004 година Адриан Настасе е највисокиот политичар, осуден за корупција во Романија. Против него се водат неколку процеси, а во јуни минатата година, Врховниот касационен суд го осуди на две години затвор за незаконско финансирање на предизборната кампања за претседателските избори во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“