Аргентинскиот судија Ариел Лихо започна истрага за потпретседателот на земјата Габриела Мичети, со цел да се утврди причината за исчезнатите 66.000 долари од буџетот, јави ТАСС.
Аргентинскиот суд ги побарал даночните декларации на Мичети за последните две години, а исто така побара и да му бидат доставени документите за дејностите на неколку нектрговски организации, вклучително и фондот СУМА, основан од страна на Мичети.
Според неа, 10.953 долари од украдените пари биле донирани за тие организации.
Со ова, судијата одговори на барањето на обвинителот Гилермо Марихуана, кој минатата недела побара разгледување на барањата на адвокатот Леонардо Мартинес Ереро и пратениците Хуан Кабандие и Родолфо Тајладе од опозициската коалиција „Фронт за победа“.
Во барањата тие настојуваат во истрагата да се утврди дали биле украдени посочените 50.000 долари во даночната декларација на Мичети или на нејзиниот свршеник.
Аргентинскиот потпретседател тврди таа сума била дадена на заем.
Мичети исто така објасни, дека кражба била извршена на 22 ноември 2015 година, за време на вториот круг од претседателските избори, кога таа и претседателот Маурисио Макри ја прославувале победата.
Што се случило во периодот кога Мичети станала потпретседател на Аргентина, се дозна во текот на минатиот месец.