Судот потврди Мубарак да остане во затвор

Од:

Египетскиот суд потврди дека претседателот Хосни Мубарак треба да остане во притвор и покрај претходната одлука да се пушти на условна слобода.

Кривичниот суд во Каиро ја прифати жалбата на јавното обвинителство и наложи Мубарак да остане во притвор поради потреба на истрага за обвинение за илегално стекнато богатство.

Мубарак беше принуден да поднесе оставка по народниот бунт во почетокот на 2011 година и треба повторно да биде суден на 11-ти мај, поради тоа што бил сооучесник во убиството на демонстрантите и вмешан во корупција.

Тој е обвинет за најмалку три случаи, еден се однесува на убиство на демонстрантите на почетокот на 2011 година, а другите два се однесуваат на корупција.

Судот на 15-ти април наложи тој условно да се пушти на слобода во случајот за убиство на демонстрантите, затоа што веќе помина повеќе од две години во притвор, а конечната пресуда се уште не му е изречена.

Меѓутоа тој остана во затвор, бидејќи му е одреден притвор поради нови обвиненија за корупција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет