Судот ја отфрли жалбата на една од членките на групата Пуси рајот

Од:

Московскиот Апелациски суд одби да ја разгледа жалбата на Екатерина Самуцевич, една од членките на контроверзната панк група Пуси рајот, на пресудата со која четирите видео-снимки на таа група се оценети како екстремистички.

Судиите проценија дека до оглед на тоа што немало странки во спорот, Самуцевич не можела да се жали на пресудата.

На тој начин оваа пресуда се смета за неоспорена и добива правно дејство, така што видео-внимките и јавно се квалификувани како екстремистички материјал, Со пресудата на која се жалеше Самуцевич, судот на московскиот дистрикт Замоскрорецки наложи да им се ограничи пристапот до јавноста на тие видео снимки, кои се појавија на пет интернет портали.

Трите членки на панк група беа судени во Москва за „хулиганство“ откако во тамошната црква „Исус Спасител“ настапија пред олтарот со остри критки на власта и посебно на рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот Апелациски суд кон крајот на минатата година одлучи да ја ослободи Екатерина Самучевич од првобитната пресуда со која трите девојки беа осудени на по две години затвор, додека нејзините пријателки остануваат зад решетки.

Сите три беа обвинети поради навреда на верските чувства на руските граѓани откако во православна црква изведоа панк-перформанс во кој ја повикаа Девица Марија да ги спаси од Путин.

Затворската пресуда за членките на Пуси Рајот предизвика големи протести во земјата и во светот.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети