Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во денешните судири на централниот плоштад Тахир во Каиро меѓу приврзаниците и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.
Спротиставените групи фрлаа камења едни врз други, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.
Тоа е најголем судир во Каиро од 16. јули, кога во текот на протестите загинаа седум лица. Египетската државна телевизија објави дека се уапсени седум приврзанци на Морси и оти се запленети два пиштола.
Во судирите од соборувањето на Морси загинаа најмалку сто луѓе, а поголемиот број од жртвите се приврзаници на Муслиманско братство.