Судири во близина на Даунинг стрит 10 во Лондон, полицаец соборен од коњ

Од:

Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорд Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњаничката единица е очигледно исфрлен од неговиот коњ, пренесува Скај њуз.

Според медиумот, полицаецот останал да лежи на земјата додека коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Британскиот весник „Стандард“ наведува дека демонстрантите во еден момент фрлиле навивачки факел кон полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа пред „Даунинг стрит 10“ по митингот на плоштадот пред британскиот Парламент и по маршот низ центарот на Лондон.

Демонстрации попладнево се одржаа и во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети