Во повеќе ирански градови и денеска има судири помеѓу демонстрантите и полицијата, кои протестираат поради смртта на Махса Амини.
И покрај тоа што голем број демонстранти се убиени и полицијата употреби боева муниција и солзавец, видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како демонстранти повикуваат на пад на клерикалната власт. Судири со полицијата има во Техеран, Табриз, Карај, Ком, Јазд, Санандај и на други места.
Демонстрантите извикуваат „Смрт за диктаторот“ и „Жена, живот, слобода“, а жените ги палат марамите и ги сечат косите.
Повеќе од 300 ирански христијани потпишаа поддршка за протестите што се одржуваат низ целата земја.
Иранските власти го блокираа пристапот до интернет во неколку провинции за да ги ограничат демонстрантите да објавуваат видеа на социјалните мрежи.
Во протестите што траат 11 дена, загинаа најмалку 41 лице, а околу 900 се повредени.
Иранските власти формираа специјален суд за учесниците на протестите,.
Амини, девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако минатата недела беше уапсена од морална полиција за непочитување на правилата за носење хиџаб.
Извор: МИА