Судири помеѓу екстремисти и полиција на Синај

Од:

Две лица загинаа, а шест се повредени во нападот на екстремистите на полицискиот контролен пункт на египетскиот полуостров Синај, пренесуваат агенциите.

„Итар-тас“, повикувајќи се на египетските медиуми пренесе дека нападот е извршен во градот Ел-Нахл во централниот дел на полуостровот и дека не се знае дали жртвите се цивили или полицајци.

Екстремистите во близина на градот Рафах, на север на Синај кај пограничната област со Појасот Газа, гранатирале една полициска база, како и уште еден контролен пункт во градот Ел-Ариш на околу 45 километри западно од Рафе.

По отповикување на претседателот Мохамед Морси, екстремисти на Синај извршија веќе неколку напади врз полицијата и војската.

Во петок вооружени исламисти извршиле неколку напади врз воени објекти на север на полуостровот при што е убиен еден војник.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски