Судири на протестите на исламистите во Египет

Од:

Судири избувнаа денеска во Каиро и уште неколку египетски градови за време на протестите, организирани од приврзаниците на движењето Муслиманско братство на Мохамед Морси, соопштија безбедносните сили и локалните медиуми.

Воени трупи со тенкови и бодликава жица го опколија плоштадот „Тахрир“ и неколку од главните улици во Каиро. Тие употребија солзавец и пукаа во воздух откако локални жители и демонстрантите се судрија меѓу себе и почнаа да се каменуваат.

Според западните медиуми, од воен автомобил бил отворен оган врз приврзаниците на Муслиманско братство, при што загинал еден од демонстрантите.

Претходно, маскирани лица од автомобил во движење отвориле оган врз воено возило во близина на египетскиот град Исмаилија, при што загинаа двајца војници, а еден војник и еден полицаец се ранети.

Приврзаниците на сменетиот од власт исламистички претседател на Египет, Мохамед Морси најавија дека ќе организираат масовни протести на 6 октомври, кога земјата одбележува 40 години од започнувањето на арапско-израелската војна во 1973 година. Тие планираат да го заземат плоштадот „Тахрир“.

Според извори од безбедносните служби, исламистите на овој ден се подготвуваат да извршат терористички напади и саботажи.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро