Во сиромашно предградие на Стокхолм синоќа избија немири во кои хулигани фрлаа врз полицијата со камења и Молотови коктели, по што беа приведени 11 луѓе.
Портпарол на полицијата изјави дека засега не се знае кои се организаторите, но четворица од приведените се помлади од 18 години.
Во мај во стокхолмското предградие Хусби млади имигранти покренаа протести откако полицаец уби еден Португалец. Во тие немири кои траеја една недела во Стокхолм беа опожарени повеќе стотици автомобили.
Во синоќешните немири нема повредени, но запалени се десетина автомобили, а оштетени неколку полициски возила.