Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел, употребени водени топови и солзавец

Од:

За време на денешниот генерален штрајк во Брисел, на кој полицијата процени дека учествувале 80.000 луѓе, избувнаа судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата.

Откако демонстрантите одбија да го напуштат местото на протестот, бриселската полиција употреби водни топови и солзавец за да ги растера, објави бриселскиот весник „Бруселс Тајмс“.

Полициската акција резултираше со неколку апсења, а неколку лица беа повредени и им беше укажана медицинска помош на местото на настанот.

Според официјалните проценки на бриселската полиција, на денешниот штрајк присуствуваа околу 80.000 луѓе, додека синдикатите велат дека бројот на учесници бил значително поголем, околу 140.000.

Денешниот протест го организираат трите најголеми белгиски синдикати, кои сакаат да го изразат своето незадоволство од мерките и буџетските одлуки на федералната влада.

Според синдикатот, протестот е насочен против политиката што подразбира „подолго и понапорно работење“, што предизвикува чувство на неправда и нерамнотежа кај вработените во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Унгарија тврди дека Брисел и Киев формираат воена коалиција

Хаос во Солун: Полицијата уапси 313 лица во рација на универзитетски кампус

Унгарија му сврте грб на Брисел: „Не сметајте на нас“

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис

Иранската државна телевизија почна да ги нарекува демонстрантите „вооружени терористи“

Трамп: Внимателно ја следиме ситуацијата во Иран, подготвени сме за силна реакција