Судири меѓу демонстранти и полицијата во Шпанија

Од:

Шпанската полиција синоќа се судри со илајдници демонстранти, кои излегоа на улиците на Мадрид по телевизиското обраќањето на шпанскиот премиер Маријано Рахој, во кое ги негираше обвинувањата за илегално финансирање.

Покрај во Мадрид, протести синоќа се одржаа и во други градови во Шпанија, како Барселона, Аликанте, Ваљадолид и Севиља, но тие минаа без поголеми инциденти.

Протестите уследија откако Рахој јавно ги отфри обвинувањата во некои медиуми дека тој и членови на раководството на неговата конзервативна Народна партија (ПП) примале „пари под маса“ од непознати извори и најави дека ќе ги објави сите лични банкарски сметки.

– Никогаш не сум примил пари на црно… Мојата изјава за приходите и имотот ќе биде објавена на интернет и ќе биде на увид на граѓаните во текот на идната недела, изјави Рахој, нагласувајќи дека нема намера да поднесе оставка поради овие обвинувања.

Ваквата изјава на Рахој, не го намали јавното незадоволство на граѓаните, кои и онака се сериозно погодени од тешката економска криза во која се наоѓа Шпанија, што беше манифестирано при синоќешните протести.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени