Полицијата денеска употреби солзавец за да ги раздели илјадниците поддржувачи и противници на претседателот Мохамед Морси кои се судрија околу посетата на Морси на градот Сохаг во јужниот дел на земјата.
Морси денес беше во Сохаг каде што го започна проектот за изградба на нов образовен комплекс, кога повеќе илјади демонстранти се обидоа да влезат во салата каде што тој се состана со официјалните лица, пренесува АП.
Поддржувачите на Морси извикуваа дека ќе го дадат својот живот за поддршка на претседателот.
Поддржувачите и противниците на египетскиот претседател се судрија пред зградата, па полицијата мораше да употреби солзавец за да ги раздели.
Египетскиот државен веб сајт Ахрам, објави дека студентските протести и бојкотот на професорите, го принудиле Морси да ја откаже својата посета на Универзитетот во Сохаг.