Судир на воз и автомобил во Унгарија, седум лица загинаа

Од:

Седум лица загинаа при судар на воз со автомобил на рамен премин во јужна Унгарија.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на преминот, недалеку од селото Кунфехерто.

Во претходниот полициски извештај се наведува дека загинале пет лица, но властите подоцна објавија нови податоци, велејќи дека возачот на автомобилот и шестмина патници загинале на местото на настанот.

Патниците во возот не се повредени, но машиновозачот со полесни повреди е пренесен во болница, се вели во соопштението од полицијата.

Немаше рампа или електричен сигнал на руралниот премин, соопшти унгарската железничка компанија, додавајќи дека делот од пругата е затворен за возови.

Би можело да ве интересира

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Железничка несреќа во Њујорк: Многу патници се повредени

(ВИДЕО) Повеќе од 500 луѓе се повредени при судар на два воза во Кина

Горан Наумовски

Во Риека: Се преврте товарен воз полн со жито, работниците избегаа во последен момент

Железничка несреќа во Италија, повредени 17 лица

Железничка несреќа во Индија, најмалку 13 загинати и 50 повредени

Горан Наумовски