Судир на приврзаниците и противниците на “Муслимански браќа” во Мансура

Од:

Дсетина луѓе се повредени денеска во судирите меѓу поддржувачите и противниците на “Муслимански браќа” во Египет, јави ИТАР-ТАСС.

Во епицентарот на жестоките судири е градот Мансура, административен центар на провинцијата Дакалија, северно од Каиро, соопшти агенцијата.

Немирите траат од утринските часови, а спротивставените табори фрлаат камења едни на други и употребуваат ладно оружје.

Силите за безбедност се обидоа да ги раздвојат спротивставените страни со солзавец, но ситуацијата и понатаму останува напната.

Руската државна новинска агенција, наведува дека, во меѓувреме, во Египет се погласно се слушаат повици за активирање на војската, која, како што мислат некои политички сили, само таа е во состојба да се спротивстави на целосна исламизација на земјата, па за петок е планиран масовен митинг за поддршка на вооружените сили.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет