Судир на камион и патничко комбе на автопат во Мексико, загинаа најмалку 13 лица

Од:

Најмалку 13 лица загинаа вчера во Мексико кога патничко комбе и камион се судрија на автопат, соопштија локалните власти. Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Хидалго во пограничната држава Тамаулипас, пишува Франс прес.

Фотографиите што ги споделија локалните власти покажуваат целосно изгорено патничко комбе и оштетен камион. Бројот на жртви може да се зголеми, соопшти државното обвинителство, бидејќи има индиции дека загинал и возачот на камионот и дека во моментот на несреќата со него било и неговото семејство.

Локалните медиуми јавуваат дека во инцидентот животот го загубиле 20 лица. Според медиумите, комбето било заземено од членови на семејство кое го најмило за да стигне до градот Монтереј во Веракруз. Во последниве години, во Мексико има повеќе сообраќајни несреќи, а најчести причини се преголемата брзина при возење, лошите услови или замор на возачот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори