Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Од:

Најмалку 55 лица се повредени, од кои двајца потешко, кога воз и автобус на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC) се судрија на прометна улица во центарот на Лос Анџелес.

Според сведочењето на членовите на противпожарната служба во Лос Анџелес, судирот се случил непосредно пред пладне по локално време на булеварот Експозиција, во близина на кампусот УСЦ и Природонаучниот музеј, пренесува АП.

Две лица се хоспитализирани со тешки телесни повреди, 16 се пренесени во болници во стабилна состојба, уште на 37 повредени им е укажана помош на лице место, а најтешко се повредени возачот на автобусот и еден патник, изјави припадник на противпожарната служба.

Дејв Сотеро, портпарол на ЛА Метро, ​​рече дека автобусот преминал на патеката на возот Е што превезува патници од Источен Лос Анџелес до центарот на Санта Моника.

Телевизиските снимки покажуваат дека левата страна на црвено-белиот градски автобус била искршена кога удрил во првиот вагон од возот на метрото.

„Управата на градското метро изразува жалење до повредените во несреќата“, рече Сотеро и потврди дека сообраќајот на метрото ќе биде ограничен.

Би можело да ве интересира

Седум загинати, над 53 повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Пијан возач од Македонски Брод удри во паркиран автомобил

Штипјанец е тешко повреден откако со мотоцикл излета од автопатот Скопје-Куманово

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Катерина Ѓуровски