Суадиска Арабија им дозволи на ученичките во приватните училишта да спортуваат

Од:

Девојчињата кои посетуваат настава во приватни училишта во Саудиска Арабија во иднина ќе можат да се занимаваат со спорт, решија властите во Ријад.

Ваквата одлука е донесена во рамките на пакет-мерките за постепено зголемување на правата на жените во оваа ултраконзервативна исламска монархија.

Дозволата се однесува само за занимавање со спорт во текот на школувањето, додека на жените и натаму им е забрането активно да спортуваат.

Сепак, и покрај забраната за „женски спорт“, на Олимпијадата во Лондон минатата година првпат во историјата учествуваа и две спортистки од Саудиска Арабија и тоа пред се благодарејќи на силниот притисок од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија