Студот однесе 92 животи во северна Индија

Од:

Најмалку 92 лица починаа како последица на невообичаено студеното време што изминативе денови ги зафати северните делови на Индија, каде температуриите достигнаа рекордно ниски вредности.

Како што ТАСС, најголемиот број од жртвите се од Утар Прадеш, која е едена од најгусто населените сојузни држави во северна Индија.

Вообичаено температурите во овој дел на Индија во текот на зимата се движат меѓу четири и десет степени, додека деновиве тие се спуштија до минимални рекордни 1,8 степени.

За згрижување на бездомниците властите на Утар Прадеш одвоија 10,6 милиони рупии (речиси 170.000 долари), а отворија голем број времени преноќишта.

Покрај од ниските температури, северна Индија е погодена и од густа магла, која предизвикува проблеми во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај.

Само во текот на вчерашниот ден беа одложени или откажани над 150 летови од аеродромот во Њу Делхи.

Поради маглата се откажни и околку сто железнички линии на подалечните релации, а повеќе од 150 возови пристигнаа на крајните дестинации со задоцнување.

Намалената видливост беше причина за голем број сообраќајни незгоди, во кои загинаа десетици лица. На еден ферквентен пат во близината на Њу Делхи вчера дојде до верижен судир на над 30 возила, при што загинаа пет лица, а десетина беа повредени.

Метеоролозите прогнозираат дека ваквото време во северна Индија ќе продолжи и во следните денови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати