Студија: Тројца од четворица Австралијци имаат негативен став кон Абориџините

Од:

Тројца од четворица Австралијци имаат расни предрасуди кон домородниот народ – Абориџините, покажа универзитетско истражување чии резултати се објавени денеска во стручно списание.

Независно од возраста, полот, етничката припадност, занимањето, религијата, нивото на образование, политичката припадност или приходите, повеќето Австралијци имаат „негативен став“, покажа студијата.

Овој вид на скриена негативност или несвесна пристрасност „може да доведе до широко распространет расизам“, се вели во анализата на податоците. Со специјален асоцијативен тест во студијата биле анкетирани 11.000 Австралијци во период од 10 години.

– Резултатите се шокантни, но не и изненадувачки, изјави Сидхарт Широдкар, еден од авторите на извештајот.

Студијата дава јасен доказ за цврстата и невидлива социјална бариера со која се соочуваат домородните народи, рече Широдкар. Истражувачите забележуваат дека многу луѓе кои имаат такви ставови веројатно не се свесни за нивните предрасуди.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он