Студентски протести во Италија

Од:

Повеќе десетици илјади ученици и студенти излегоа денеска на улиците низ околу 90 италијански градови во знак на протест поради зголемувањето на данокот на универзитетската такса и намалувањето на стипендиите, како дел од владините мерки за штедење.

Околу 10.000 млади луѓе се собраа во Рим, а протести беа одржани и во Неапол, Милано, Торино, Фиренца и Болоња, соопштија организаторите.

– Излеговме на улиците да го истакнеме фактот дека Италија е земја во срцето на ЕУ со најмал број дипломирани студенти и најголеми трошоци за школување, изјави Микеле Орези, координаторка на Универзитетската унија.

Орези истакна дека трошоците за школување постојано се зголемуваат поради мерките за штедење кои ги презема владата на премиерот Марио Монти.

Студентски протести беа одржани и минатата недела низ повеќе италијански градови. Тие завршија со судири со полицијата во кои беа повредени неколку десетици луѓе.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он