Стрелков: Путин е заложник во војната во Украина

Од:

Командантот на бунтовничките сили Игор Гиркин, познат како Стрелков, смета дека рускиот претседател Владимир Путин е заложник во војната во Украина поради одлуката да не ги анектира ДНР и ЛНР.

Според неговите зборови претседателот на Русија би требало да испрати војска на исток на Украина и со регионот на Донбас да направи исто како што направи со Крим, да го присоедини кон својата држава.

-Путин не разбира дека веќе е зад црвената линија која што му ја постави Запад и под влијание на бирократи и олигарси одлучи да сопре на Крим. Поради тоа сега имаме војна која се разгорува, без оглед на желбите на Русија – рече Стрелков.

Тој уште еднаш ги демантира шпекулациите дека руските трупи им помогнале на бунтовничките сили во операциите на исток на Украина.

-Мислам дека одредени руски тајни служби знаеја што ќе се случи, но не испратија никаква помош, нагласи поранешниот министер за одбрана на ДНР.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица