Стравот од Ковид-19 го намали бројот на новороденчиња

Од:

Европа забележа пад од 14 отсто на бројот на бебиња родени во јануари 2021 година во споредба со новороденчињата во истиот месец во претходните години, а овој пад веројатно е поттикнат од стравувањата од здравствена криза предизвикана од Ковид-19 за време на првиот бран на пандемијата, наведуваат експерти од Швајцарија.

Научниците објавија дека земјите со најстроги карантини на почетокот на 2020 година и преполни одделенија за интензивна нега доживеале најголем пад на живородените деца девет до десет месеци подоцна.

Научниот тим верува дека стравот предизвикан од Ковид-19, како што е наведено во студијата објавена во списанието „Human Reproduction“, може да доведе до „долгорочни последици за демографијата, особено во Западна Европа каде населението старее“.

„Падот на бројот на раѓања девет месеци по почетокот на пандемијата се чини дека е почест во земјите каде здравствените системи беа во неволја, а капацитетот на болниците беше недоволен“, рече водечкиот автор на студијата Лео Помар.

Тој додаде дека „имаше помалку бремености во тој период, дури и во земји кои не беа сериозно погодени од пандемијата“.

„Сметаме дека стравот на двојките од здравствена и социјална криза во времето на првиот бран на Ковид-19 придонесе за намалување на живородените деца девет месеци подоцна“, рече Памар.

Англија и Велс забележаа пад на живородените деца од 13 проценти во јануари 2021 година во споредба со јануари 2018 и 2019 година, додека бројот на бебиња родени во Шкотска е намален за 14 проценти.

Литванија и Романија забележаа најголем пад на живородените деца, 28 и 23 отсто.

Шведска, која немаше карантин, но имаше висока стапка на смртност, не доживеа пад на живородените деца, открија истражувачите.

Тимот откри дека времетраењето на карантинот е клучен фактор поврзан со падот на живородените деца во јануари 2021 година во споредба со истиот месец во 2019 и 2018 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Таравари: Има пораст на бројот на заразени со Ковид во државава, да се почитуваат препораките

Зголемен број заболени од Ковид-19, Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција

Пациентката е третирана по сите протоколи, вели Таравари за починатата пациентка од Ковид-19

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски