Страв во Јужна Африка: Апсењето на Путин ќе значи објава на војна на Русија

Од:

Апсењето на Владимир Путин би било објава на војна против Русија. Ова го напиша јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во судските документи објавени денеска.

Путин е поканет на самитот на БРИКС во Јоханесбург следниот месец, но за рускиот претседател има налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд, одредба што Преторија, како член на МКС, би морала да ја спроведе доколку се појави рускиот претседател.

Дипломатската дилема на Јужна Африка се случува во судот, каде водечката опозициска партија, Демократската алијанса (ДА), се обидува да ја натера владата да се погрижи лидерот на Кремљ да биде приведен и екстрадиран до МКС доколку стапне во земјата.

Но, во изјавата, Рамафоса го опиша извештајот на обвинителот како „неодговорен“ и рече дека националната безбедност ќе биде загрозена.

„Русија јасно стави до знаење дека апсењето на нејзиниот сегашен претседател би било објава на војна“, рече тој.

„Би било против нашиот Устав да ризикуваме војна со Русија“, рече тој, додавајќи дека би било против неговата должност ако не ја заштити земјата.

Јужна Африка бара изземање според правилата на МКС со образложение дека апсењето може да ги загрози „безбедноста, мирот и редот на државата“, рече тој.

Јужна Африка моментално претседава со БРИКС, група земји во која се вклучени и Бразил, Русија, Индија и Кина, и која се смета себеси за противтежа на западната економска доминација.

МКС го бара Путин поради обвинувањата дека Русија незаконски депортирала украински деца.

Јужноафриканскиот заменик-претседател Пол Машатиле во неодамнешните интервјуа за локалните медиуми рече дека владата се обидува да го убеди Путин да не доаѓа – но засега без успех.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски