Страшна снежна бура уништи се пред себе, најмалку 9 лица загинаа на југот на САД

Од:

Невремето пропратено со торнадо и силен дожд однесе најмалку девет човечки животи на југот на Соединетите Американски Држави, а повеќе од милион луѓе останаа без електрична енергија, соопштија властите.

Националната метеоролошка служба соопшти дека силен олуен бран го преминал јужниот дел на Соединетите држави и продолжил да се движи кон североисток доцна во петокот навечер, каде денеска се очекуваат врнежи од снег во широка област од југоисточен Мичиген до државата Њујорк, пренесува Ројтерс.

Во централните делови на државата Њујорк и јужна Нова Англија се очекува до попладнево снежната покривка да надмине 30 сантиметри.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, го потврди ударот на најмалку две торнада во западниот дел на државата во кои загинаа најмалку три лица, а четвртата жртва е жена која загинала кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала.

Според гувернерот Бешир, ветрот достигнал брзина од над 128,75 километри на час со налети „доволно силни за да ги однесат тракторските приколки од патот“.

Би можело да ве интересира

Стотици летови се откажани во Германија поради снежната бура „Гертруда“

Речиси милион луѓе ширум Америка без струја поради зимската бура

Големо снежно невреме ги затвори училиштата и ги приземји летовите во САД

(ВИДЕО) Ледена бура во САД, температури до -43°C, хаос на патиштата, има мртви

Горан Наумовски

Снегот и невремето создаваат хаос низ Европа, илјадници луѓе без струја, селата отсечени…

Повеќе од 60 луѓе загинаа во зимската бура во Америка