Странски дипломати во протестен марш против споменик на унгарски нацистички министер

Од:

Странските дипломати во Унгарија, меѓу кои и од САД, учествуваа во протестниот марш, заедно со повеќе стотици Унгарци, против поставувањето споменик на познат пронацистички министер од Втората светска војна, кој го покренал антисемитизмот во оваа земја.

Со свеќи во рацете, дипломатите и локалното население, протестираа низ улиците на градот Шекешфервор, југозападно од Будимпешта, против поставувањето споменик, во природна големина, на Балинт Хоман.

Специјалниот советник на САД за борба против антисемитизмот, Ајра Форман го осуди планот да се постави споменикот во Шекешфервор.

„САД се шокирани од ваквата одлука„- изјави Форман.

Еврејската заедница во Унгарија побара од владата на премиерот Виктор Орбан, да се забрани поставувањето споменик на Хоман, но градоначалникот на Шекешфервор изјави дека станува збор за одлука на една „приватна фондација„ која го има нарачано споменикот и сака да го постави во овој град.

Нацистичка Германија и тогашната фашистичка влада на Унгарија, во текот на Втората светска војна имаат убиени над 560 илјади унгарски Евреи.

Пронацистичкиот министер Хоман, уште во триесетите години на 20 век почнал со ширењето на антисемитизмот во земјата.Во 1944 година тој предложи депортација на Евреите, па околу 440 илјади беа испратени во логорот во Аушвиц.

По завршувањето на војната, новата унгарска власт го осуди Хоман на доживотен затвор, каде и почина, во 1951 година.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта