Странците во Велика Британија ќе плаќаат по 200 фунти годишно за да можат да се лекуваат

Од:

Државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ, во иднина во Велика Британија ќе мораат да плаќаат по 200 фунти годишно за да можат да се лекуваат и да ги користат услугите на британското државно здравство.

Оваа новина на имиграционите власти, се однесува на оние странци кои на британската територија престојуваат повеќе од шест месеци.

Дополнителната давачка за странските државјани, покрај скапата и ограничена виза, се воведува со цел да се редуцира и спречи т.н. „здравствен туризам“.

Британските имиграциони власти тврдат дека многустранци од земјите надвор од ЕУ доаѓаат во Велика Британија како туристи, а остануваат со месеци во земјата користејки ги бесплатните услуги на државното здравство.

Со новиот пакет-мерки на владата во Лондон се предвидува државните болници да наплатуваат надомест за третманот и лекувањето и за пациенти од земјите на ЕУ, како и запирање на досегашното право за преглед кај лекар од општа пракса за лица кои престојуваат во Велика Британија помалку од шест месеци.

Британските лекари се спротивставуваат на ваквите мерки, приговарајќи дека ќе се претворат во дел од вработените во имиграционите служби. Лекарите предупредваат дека земјата ќе се соочи и со ризик за вкупната здравствена состојба, со забраната странците со престој до шест месеци да не можат да одат на преглед кај лекар од општа пракса.

Владата на премиерот Дејвид Камерон се правда дека само прави напор да се блокира „здравствениот туризам“ и да ги намали трошоците во државното здравство.

Претставник на британското Министерство за здравство изјави дека само во Англија лекувањето на странците ја чини државната каса преку 30 милиони фунти годишно.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот