Стотина луѓе исчезнаа во пожарите во Австралија

Од:

Стотина луѓе исчезнале во шумските пожари кои го зафатија австралискиот остров Тасманија, соопшти полицијата, која трага по исчезнатите жители и туристи.

Шефот на локалната полиција Скор Тајлиард изјави дека се уште не е позната судбината на исчезнатите, а постои можност некои од нив и да се загинати во огнената стихија која за кратко време се проширила од југ кон источниот и западниот дел на островот.

– Тоа не значи дека овие луѓе се повредени или дека нешто им се случило, но јасно е дека не можеме целосно да ја елиминираме таквата можност се додека не стапиме во контакт со нив, истакна Тајлиард.

Пожарите избија во петокот по топлотниот бран кој ја зафати Тасманија, остров во јужниот дел на Австралија познато по студената клима, носејќи температури над 40 степени Целзиусови.

Една од најтешко погодените области е малото место Даналеј, околу 55 километри источно од Хобарт, каде, според проценките на полицијата, се уништени околу 30 отсто од зградите, меѓу кои и полициска станица, училиште и околу 70 куќи.

Речиси 3.000 луѓе се евакуирани од домовите, а голем број од нив се сместени во привремени засолништа.

Британската кралица Елизабета Втора, која е монарх и на Австралија, членка на Комонвелтот, изрази сочувство до Тасманија, изразувајќи длабока загриженост поради причинетата штета.

Пожарникарите успеале да совладаат два големи пожара, но предупредуваат дека уште стотина квадратни километри се зафатени од оган и се надвор од контрола.

Шумски пожари беснеат и во други делови на Австралија, вклучувајќи ги државите Јужна Австралија, Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски