Неколку стотини килограми кокаин пронашле властите вчера на плажа во северна Франција, соопшти судски извор.
„Првите тестови извршени на околу триесет запленети пакувања беа позитивни на кокаин“, изјави за новинарите Пјер-Ив Маро, државен обвинител во Шарбур, град во близина на плажата каде што беше пронајдена дрогата.
По мерењето било утврдено дека во пакувањата имало „меѓу 700 и 800 килограми“ дрога, додаде тој.
На францускиот брег и претходно беше пронајден кокаин. Така, на крајот на 2019 година на плажата од Сен Жан де Луз на југозапад до Камарето на северозапад беа пронајдени пакети со вкупно 1.600 килограми кокаин.
Неодамна, на крајот на мај 2022 година, на плажата во Берк, на северот на Франција, беше пронајден кокаин со вкупна тежина од 21 килограм.