Стотици илјади лица демонстрираа против претседателката на Аргентина

Од:

Над 400. 000 лица со мирен марш низ Буенос Аирес протестираа против претседателката Кристина Фернандес де Кирхнер, еден месец по смртта на обвинителот Алберто Нисман, кој ја обвини дека се мешала во истрагата на атентатот врз Евреите во 1994 година, пренесоа француските медиуми.

Податоците за бројот на учесниците во протестот се на полицијата.

Демонстрантите, кои со чадори беа собрани на дождот, најмногу семејни и возрасни луѓе од средната класа и побогатите слоеви на општеството, се собраа, одговарајќи на повикот на шестемина обвинители кои протестот го закажаа под мотото „Да му одадеме почит на обвинителот Алберто Нисман“.

– Дојдов за да побарам правда за жалниот човек, кој го даде својот живот за вистината, изјави 65-годишната професорка Марта Канепа.

„Целата земја сака правда. Уморни сме од ова влада, од оваа корупција“, додаде 75-годишната пензионерка Лаура Гисмонди.

Медиумите во Аргентина информираат и за други протести низ земјата, како и во некои престолнини низ светот.

Владата, меѓутоа, протестот го нарече „пучистички“ и уверува дека обвиненијата на Нисман имале за цел земјата да ја вовлечат во блискоисточен конфликт.

– Добро отворете ги очите. Не зборувам за конспирација, (туку) станува збор за свет на интереси, поврзани со геополитиката, изјави претседателката Де Кирхнер во телевизиско интервју пред почетокот на протестот.

Обвинителот Нисман го истражуваше бомбашкиот атентат врз еврејскиот културен центар во Буенос Аирес во 1994 година, во кој загинаа 85 лица. Познат како проамериканец и произраелец тој брзо го обвини Иран дека е нарачател на злосторството. непосредно пред да му биде открено телото, на 18 јануари, со куршум во главата, во бањата од неговиот дом, тој изјави дека претседателката Де Кирхнер и министерот за надворешни работи Ектор Тимерман се мешаат во предметот и на осомничените Иранци им обезбедуваат заштита зарадси склучување на трговски договори.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ