Стотици евакуирани во Романија поради опасност од поплави

Од:

Стотици жители на четири села во источниот романски округ Галати беа евакуирани во изминатата ноќ, во очекување на нови поплави поради поројните дождови што ја зафатија областа.

Само од едно од селата се евакуирани 400 лица.

Премиерот Виктор Понта денеска ќе го посети округот Галати каде голем број села беа погодени од поплавите во средата наспроти четврток, а девет лица загинаа, според последните податоци од локалните власти.

Синоќа на жителите на 11 села во Галати им беа поделени ќебиња, храна и вода од државните резерви. Над 1.000 луѓе се мобилизирани за надминување на последиците од поплавите.

Според податоците од округот Галати од поплавите се погодени 18 села, околу 70 километри окружни и локални патишта и десетици хектари земјоделска земја. Досега се уништени 1.400 куќи и околу 100 дворови и градини.

Националната метеоролошка агенција денеска објави предупредување за портокалово ниво на опасност од поплави и поројни дождови во областите Галати, Браила и Тулча. За шест други области Васлуи, Вранчеа, Бузау, Јаломица, Калараци и Констанца е прогласено жолто ниво на опасност од дожд и грмотевици.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“