Стотици Египќани демонстрираа во Каиро со барање претседателот Морси да си замине од власта

Од:

Стотици Египќани демонстрираа во Каиро со барање претседателот Мухамед Морси, кој на функцијата беше избран пред приближно една година, да ја напушти власта, пренесоа француските медиуми.

Протестите тргнаа од различни места во главниот град и се насочија кон плоштадот „Тахрир“, симболот на протестите што го принудија претседателот Хосни Мубарак да поднесе оставка во февруари 2011 година.

На чело на едно од поворките демонстрантите носеа транспаренти со повици за „предвремени претседателски избори“ и „устав што ќе ги обединува сите Египќани“.

Членови на кампањата „Тамаррод“ („Востание“ на арапски) собираа потписи на минувачи и соопштија дека веќе над два милиона Египќани го потпишале барањето за заминување на Морси.

Засилено е обезбедувањето на Министерството за внатрешни работи, што се наоѓа во близина на плоштадот „Тахрир“ и кое при претходните демонстрации често пати беше место за судири.

Опозицијата инсистира на предвремени претседателски избори, ослободување на политичките затвореници и одавање почит кон „мачениците на револуцијата“.

Критичарите на Морси го обвинуваат дека управува единствено во интерес на неговото исламистичко движење „Муслиманско братство“ и дека не успа да се справи со тешката политичка и економска криза во Египет.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина