Стопанството на Велика Британија во 2020 забележало најголем пад во последите три века

Од:

Велика Британија во 2020 година забележала најголем економски пад во последните 300 години, последица на пандемијата на Ковид-19.

Ажурираните официјални податоци објавени денеска покажуваат дека бруто домашниот производ на Британија во 2020 година опаднал за 11 отсто, што е најголем економски пад од 1709 година, според историските податоци што ги чува Банката на Англија.

Канцеларијата за национална статистика ја ревидираше претходно дадената проценка за пад на економијата од 9,3 проценти. Последната ревизија го прави британскиот економски пад во 2020 година најголем меѓу државите од групата „Г-7“ најразвиени земји, пред Шпанија каде тој изнесува 10,8 отсто.

Британската економија успеа да закрепне во 2021 година, но брзиот раст на инфлацијата и последичното заострување на монетарната политика се закануваат дека економијата повторно ќе влезе во рецесија на крајот на годината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти