Столтенберг: Tреба да се подготвиме и за лоши вести од Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека војните се инхерентно непредвидливи и дека „треба да се подготвиме и за лоши вести од Украина“.

Столтенберг, во интервју за германската телевизија АРД, одговарајќи на прашањето дали стравува дека ситуацијата во Украина ќе се влоши во иднина, рече дека војните се одвиваат етапно, но дека „мораме да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња“.

Осврнувајќи се на ситуацијата на фронтот, Столтенберг рече дека нема значаен напредок во изминатите неколку месеци.

Тој не прогнозираше понатамошни настани, наведувајќи дека „војните се инхерентно непредвидливи“.

– Но, знаеме дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната – рече Столтенберг.

Тој оцени дека Украина е во „критична ситуација“, но не одговори на прашањето како треба да дејствува командата во Киев.

– Донесувањето на овие тешки оперативни одлуки им го оставам на Украинците и воените команданти – рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Ирина Фарион не го преживеа атентатот

Горан Наумовски

Украина и Русија денеска разменија 95 воени заробеници

Украина и Чешка се договорија за изградба на фабрика за муниција во Украина

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски

Аларм во Полска: Сојузничките земји по втор пат подигнаа авиони во последните 24 часа

Горан Наумовски